Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Средба со хрватската амбасадорка во Република Северна Македонија
Средба со хрватската амбасадорка во Република Северна Македонија
Петок, 09 Октомври 2020 12:47

HrvatskaAmbasadorka-01Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов оствари средба со Амбасадорката на Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ.

Ова е прва посета на хрватската амбасадорка во Општина Штип, а воедно и прва средба од ваков тип на заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов.

Амбасадорката истакна дека и претставува огромна чест што денеска е во Општина Штип.

„Имав чест да разговарам со заменик градоначалникот на Општина Штип за можностите и соработката помеѓу Северна Македонија и Хрватска, а воедно и со Штип.

Разговаравме за соработка на повеќе теми.

Хрватска е поддржувач на Република Северна Македонија на патот кон Европската унија,“ истакна амбасадорката Тигањ.

„Имам чест да остварам средба со хрватската амбасадорка во Република Северна Македонија и да ја запознаам со можностите и знаменитостите на нашиот град.

Огромна благодарност за укажаната чест и желбата за понатамошна соработка.

Секако овде го потврдивме долгогодишното пријателство помеѓу Штип и Сплит,“ истакна заменик градоначалникот.

Амбасадорката го посети мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ кадешто имаше можност да се запознае со животниот пат и постигнувањата на нашиот прв претседател, Киро Глигоров.

HrvatskaAmbasadorka-02

HrvatskaAmbasadorka-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize