Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Прв училиштен ден
Прв училиштен ден
Четврток, 01 Октомври 2020 12:59

PrvUcilisenDen-01Денеска започна училишната година за основните и средните училишта.

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов заедно со претставници од кабинетот, ги посети основните училишта „Славејко Арсов“ „Ванчо Прке“ и „Тошо Арсов“ кадешто учениците од прво до трето одделение ќе посетуваат настава во училиштата, а останатите ќе имаат online настава.

Почетокот на училишната година помина во најдобар ред и според сите протоколи и оваа година покрај подготовките во воспитно-образовниот дел, вработените во институциите работеа и на протоколите за заштита на здравјето на дечињата и вработените.

Заменик градоначалникот Миланов им посака успешен почеток на учебната година на сите, а пред се на учениците од прво одделение кои за првпат се наоѓаат пред училишните клупи.

„Ова е важен ден за сите ученици, бидејќи во услови на пандемија тие треба да го надоградуваат своето знаење.

Посакувам успешна училишна година на дечињата и на сите кои се вклучени во овој процес,“ истакна Миланов.

Во моментот околу 1300 ученици во сите основни училишта ќе бидат физички присутни и ќе ја следат наставата, а останатите ќе имаат online настава.

Денешниот ден помина во најдобар ред и без никакви сериозни пречки за одржување настава.

PrvUcilisenDen-02

PrvUcilisenDen-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize