Реконструкции во ООУ „Тошо Арсов“ Штип |
Среда, 19 Август 2020 13:05 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорката на училиштето извршија увид во работните активности. „Во моментот се работи на реконструкција на кровната конструкција од 4400 метри квадратни и на фасадата од 3800 метри квадратни, се работи за инвестиција од околу 650.000 евра. Заедно со сите реконструкција во и околу училиштето Тошо Арсов во изминатите 2 ипол години имаме инвестирано околу 850.000 евра,“ истакна градоначалникот Бочварски. Директорката на ова основно училиште истакна дека е благодарна за добрата соработка со локалната самоуправа и за сите успеси кои заеднички се постигнати во изминатиот период. „Училиштето е подготвено и ги чекаме укажувањата од Министерство за образование и наука и Комисијата за заразни болести. Подготвени сме и за online настава со тоа што ги подобруваме сите недостатоци од изминатата училишна година,“ истакна директорката Фросина Маџарова.
|