Реконструкција на фасада и кров на ООУ „Тошо Арсов“ |
Понеделник, 22 Јуни 2020 13:45 | |||
Се работи за поголема капитална инвестиција која ќе даде нов изглед на училиштето и ќе придонесе за подобри услови на учениците и наставниот кадар. „Ова е поголема инвестиција од над 650.000 евра и со овие средства целосно ќе се реконструира фасадата и кровот во целото училиште и спортската сала. Досега тука имаме инвестирано во реконструкција на санитарните јазли, промена на прозорите после неколку децении, реконструкција на дворот и дворната површина,“ изјави градоначалникот Бочварски. Директорката Маџарова изјави дека по неколкуте укажувања од интегралните инспекции конечно се започнува со реконструкција и поставување на нов кров и термоизолациона фасада. Раководителката на образование при Општина Штип, Билјана Казанџиска истакна дека се работи на темелно реконструирање во основните училишта и во изминатите две години се вложени сериозни средства од локалната самоуправа.
|