Средба со Кристина Ампева, претставник од „Гласен Текстилец“ |
Вторник, 02 Јуни 2020 14:49 | |||
Институциите, заедно со здруженијата на граѓани и бизнис секторот мораат во овој момент да имаат тесна соработка со цел ставање под контрола на овој нов бран на Ковид-19. Од денеска започна проширено тестирање на над 500 вработени од текстилните компании и запирање на работниот процес со цел заштита на граѓаните. Тестирањето ќе трае и во тек на наредните неколку дена. Сите текстилни работнички кои се тестирани задолжително треба да останат дома во наредните денови. Со заеднички сили и со почитување на мерките за заштита ќе успееме да се справиме со овој втор бран на Ковид-19 во Штип.
|