Прес конференција во врска со ситуацијата со Ковид 19 |
Четврток, 28 Мај 2020 14:17 | |||
Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има 4 нови позитивни случаеви од кои 2 се од истата текстилна компанија. Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и започна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите. Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23 000 заштитни маски на институции и граѓани. Волонтерите досега имаат извршено услуги на вкупно 258 стари и изнемоштени лица и апелираме тие да продолжат да ги користат нашите услуги и да се заштитат самите себе. Ја користиме оваа прилика повторно да упатиме јасна порака до сите граѓани, а посебно до оние кои шират информации дека вирусот не постои и дека е измислица или лага, а всушност се работи за вирус кој сеуште е присутен и ќе остане овде и понатаму, а борбата со истиот овој вирус за којшто сеуште нема лек или вацина треба да го водиме сите заедно со целосна вклученост на граѓаните, работниците, сопствениците и институциите. Задоволни сме од дисциплината на нашите сограѓани и од тоа како се справуваме со Ковид 19, но мало опуштање коешто се чуствуваше во јавноста и непочитување на мерките придонесува да повторно се појават нови случаеви. Ќе го победиме вирусот и после олабавување на мерките, но само со крајна внимателност, дисциплина и одговорност.
|