Поставување на контејнери за селективен отпад |
Среда, 20 Мај 2020 14:32 | |||
Од денес ќе бидат поставени 30 вакви контејнери пред сите основни, средни училишта и детски градинки како и на повеќе фрекфентни локации во градот. ,,Досега имаме поставено вакви контејнери за електронски отпад а , во наредниот период ќе поставиме контејнери за селектиран отпад-пластика .’’ Градоначалникот Бочварски упати апел до граѓаните за вршење селекција на отпад затоа што живееме во ново време каде треба да ги почитуваме сите европски стандарди и препораки со цел да живееме во поздрава животна средина. Денес ЈП –Исар чистеше кабест, габаритен отпад и градежен шут до контејнерите за одлагање на Комунален цврст отпад во строгиот центар на градот од несовесни граѓани. Сите оние граѓани кои непрописно ќе одлагаат шут, ѓубре и со тоа ќе создаваат диви депонии ќе бидат казнети.
|