Пунктови за дезинфекција на возила на влезовите во Штип, Општина Штип |
Среда, 01 Април 2020 14:27 | |||
„Општина Штип ги презема сите мерки и чекори коишто се во насока на поголема заштита на граѓаните, на сите возила коишто влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека останатиот дел од градот, постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП „Исар“. Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавно прометните површини и влезовите од станбените згради,“ истакна градоначалникот Бочварски. Полицијата ќе ги контролира сите пунктови кадешто возилата кои влегуваат во градот мора да ги поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција. Општина Штип искажува благодарност на три градежни компании коишто излегоа во пресрет на Општината и брзо и ефикасно ги изградија овие пунктови, а тоа се : Коле Транс Инжинеринг, БАУ Инжинеринг и Пелагонија инжинеринг.
|