Прва сесија во рамкки на Програмата „Регионални форуми во заедницата“ |
Четврток, 06 Февруари 2020 14:45 | |||
Швајцарската агенција за развој и соработка во Македонија и Министерството за локална самоуправа обезбедуваат 127.822 швајцарски франци за источниот регион. Предлог проектите од општините треба да овозможат услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на население кои подлежат на социјален ризик и да бидат во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет. „За пример можам да посочам дека Општина Штип заедно со Министерство за труд и социјална политика и здружението „Порака“ приспособи објект во насока на поддршка на лицата со интелектуална попреченост од Штип. Јас како градоначалник верувам дека преку ваквите проекти и чекори ќе успееме да создадеме подоби услови за овие лица, а со тоа поправедно општество за сите,“ изјави градоначалникот Бочварски. Ова е втора година што се одржуваат вакви форуми како дел од програмата „Регионални форуми во заедницата“.
|