Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Дневни активности на Премиерот Спасовски и министрите како дел од агендата за редовна четврта седница на Влада на Република Северна Македонија
Дневни активности на Премиерот Спасовски и министрите како дел од агендата за редовна четврта седница на Влада на Република Северна Македонија
Вторник, 21 Јануари 2020 17:02

vlada-01Како дел од агендата на редовната четврта седница на Владата на Северна Македонија што ќе се одржи во Штип, премиерот Спасовски и министрите во Владата ќе имаат серија активности што ќе се одржат во текот на денешниот ден во регионот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски како дел од неговите активности во пресрет на владината седница, заедно со градоначалникот Бочварски извршија увид во работата на Филтер станицата во населба Баби.

„Денеска, заедно со градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски, ја посетивме пречистителната станица за вода, сместена во населеното место Баби.

Пречистителната станица има капацитет од 500 литри во секунда, но досега овој капацитет никош не бил постигнат поради променливата количина на вода со која Штип се снабдува од околу 70 бунари. Со адаптација на пречистителната станица, таа ќе може да работи со максимален капацитет, а Штип никогаш повеќе нема да има недостаток на вода за пиење,“ истакна министерот Димковски.

Градоначалникот Бочварски заедно со заменик претседателката на Влада задолжена за економски прашања, Мила Царовска и премиерот Оливер Спасовски ги посетија компаниите Албатрос и Актива.

„Остануваме посветени на определбата финансиски да ги поддржуваме успешните компании во реализирањето на нови инвестициски проекти и во зајакнувањето на нивната конкурентност, со што се засилува економскиот раст и развој на нашата земја,“ истакна премиерот Спасовски.

Дополнително, свои агенди имаа и министрите Филишче и Шеќеринска. Радмила Шеќеринска ја посети штипската касарна „Јане Сандански“, а министерот Венко Филипче оствари средба со клубот на пензионери и ја посети штипската Клиничка Болница.

Во Штип ќе се одржи четвртата редовна седница на Влада на Република Северна Македонија.

vlada-02

vlada-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize