Работни активности во ООУ „Славејко Арсов“ |
Понеделник, 30 Декември 2019 15:31 | |||
„Денеска се наоѓаме во основното училиште Славејко Арсов и какошто ја започнавме годината така и ја завршуваме, со градежни активности во основните и средните училиште. Овде се работи на изградба на ново игралиште за учениците, целосно е затворен преминот од училиштето до спортската сала и набавени се 11 смарт табли за потребите на училиштето и учениците. Се работи за инвестиција од 1,7 милиони денари. Сакам да честитам на директорот и на раководниот тим на ова училиште за напорната работа, за подобрување на условите за настава,“ истакна градоначалникот Бочварски. Општина Штип инвестира во подобрување на образовниот процес и резултатите се видливи за наставниот кадар и за учениците во сите образовни институции во градот.
|