Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Света архиерејска литургија, литија и говор на градоначалникот
Света архиерејска литургија, литија и говор на градоначалникот
Четврток, 19 Декември 2019 13:07

Во рамки на програмата за одбележување на денот на градот денес се одржа Света архиерејска литургија во Соборен храм ,,Свети Никола''

Програмата продолжи со Литија се до плоштадот ,,Слобода'' каде градоначалникот го скрши празничниот колач и имаше свое празнично обраќање.

,,Митрополит Поварсдарски г.Агатангел

  Епископ Јаков Полјански 

Ваше високопреосвештенство господин Иларион, надлежен архиереј на Брегалничката епархија,

  Претседател на комисија за верски прашања  Даријан Сотировски

  Бегалничка епархија, 

Почитувани свештенослужители,

Драги мои сограѓани,

Денес кога  целиот православен свет му принесува топли и искрени молитви на Господа Исуса Христа преку големиот заштитник на вистината евангелска, правдата помеѓу луѓето, Св. Никола; кога како симбол на вечноста, величајќи го неговото свето и дело, и молејќи му се да биде покровител и заштитник на нашите домови и чеда,  Општина Штип на најдостоинствен начин го заокружува  празнувањето по повод својот патрон со Светата литија и кршењето на Славскиот колач овде на плоштадот Слобода.

 Штип како град со традиција со векови создавана и негувана од самиот народ во својата основа, како  свој заштитник, го има Свети Никола и како што налага редот  на нештата, поврзано со традицијата на целиот регион, кој е обединет - физички по течението на реката Брегалница и духовно во заедничката Брегалничка епархија -   го слави како свој празник  денот посветен на овој Светител.

Од денес започнуваат празнувањата кои се поврзани и со најголемиот празник денот на Христовото раѓање и Нова година, затоа дозволете од ова место да упатам порака на заедништво, на човекољубие помеѓу сите нас во името на доброто и просперитетот на сите наши граѓани, на нашите деца и генерациите по нас. Нека нашиот патрон ни даде сила да ги надминеме проблемите кои не` чинат послаби, а разликите и идеите за подобар живот да ни бидат меѓник што ќе не` прави посилни и посплотени  со секој нов ден градејќи подобро утре за сите нас. Јас како градоначалник и понатаму останувам посветен на идејата Штип да остане пример во Регионот за град чие достоинство, традиција  и иднина се предизвик кон кој постојано ќе стремиме.

Почитувани дами и господа, Почитуван Владико, ваше високопреосвештенство, дозволете од мое име и од името на Општина Штип да упатам срдечни честитки до сите кои го носат името и го слават како свој патрон Свети Никола Чудотворец.''

 Нека е честит празникот и вековито празнувањето на патронот на Штип и на целиот Брегалнички регионот - Свети Никола.

За многу години.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize