Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Општина Штип ќе аплицира за проект ,,Зелен град'' кој тежи 10 милиони евра
Општина Штип ќе аплицира за проект ,,Зелен град'' кој тежи 10 милиони евра
Вторник, 10 Декември 2019 17:07

ZelenGradОпштина Штип ќе аплицира со проект до Организацијата ,, Фао'' за добивање на сериозни 10 милиони евра кој ќе ги инвестира за Енергетски ефикасни фасади за намалување на тенденциите на загадување и потрошувачката на електрична енергија, фотоволтаици, замена на сите котли на институциите кои денес се најчесто на нафта.

,,Една убава иницијатива од повеќе субјекти заедно со градоначалникот на Општина Штип , ИПР потпишавме договор за соработка во поглед за можната апликација во Зелен фонд за финансирање на одредени проекти за намалување на емисијата на штетни гасови. 

Во поглед на тоа да извршиме замена за некои инсталации во Универзитетот во поглед на греењето бидејќи нашите котли моментално работат на нафта за греење, идејата е да се заменат со гасот кој што доаѓа во овој регион'' изјави ректорот на Универзитетот,, Гоце Делчев ''Блажо Боев

Во овој проект се вклучени повеќе институции кои со заеднички сили , знаење и ресурси ќе го направат првиот чекор кон тоа Штип да стане првиот ,,Зелен Град''

 `Конзорциум составен од 16 институции во Општина Штип вклучувајки го Универзитетот ,, Гоце Делчев'' ,ИПР сите основни , средни училишта. 

Во иднина ќе се заложиме  да аплицираме со сериозна поддршка од Универзитетот и неговиот капацитет  се со цел да аплицираме кон фондот на Oрганизацијата ,,Фаo'' на Обединетите нации со седиште во Рим кое веќе има објавено повик.

Настапуваме како сериозна целина, Штип е сериозен центар на Исттокот и токму поради тоа покажуваме капацитетност да аплицираме. Верувам дека ќе бидеме сериозен конкурент на тој повик.

Доколку ги добиеме тие средства кои се во висина од 10 милиони евра, половина милион евра ќе биде инвестиција на општинските институции(проектна и техничка документација) а додека останатите девет ипол милиони евра ќе бидат грант од страна на Обидинетите нации преку овој фонд со цел да дојдеме до намалување на емисијата на штетните гасови.'' стои во изјавата на градоначалникот Бочварски

Со обезбедување на овие 10 милиони евра, Општина Штип ќе биде првиот и .единствен град во нашата држава кој ќе биде Зелен град.

,,До 15 декември се поднесува апликацијата а првичните резултати се очекуваат наредните шест месеци, ''изјави Драгица Здравева раководител на ИПР.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize