Работни активности за атмосферски канал кај ЈЗУ „Клиничка Болница“ |
Петок, 18 Октомври 2019 14:05 | |||
Се работи за нов атмостферски канал којшто ќе биде во функција на новиот Клинички центар. „Инвестицијата чини 1,7 милиони денари, се работи за атмосферски канал од над 200 метри, со Ф400 цефки со што се задоволуваат потребите,“ изјави Бочварски. Општина Штип следно ќе работи на реконструкција на улицата Љубен Иванов која е во непосредна близина на Клиничката Болница. Интензивно се работи на новиот Клинички центар, додека Општина Штип во координација со Министерство за здравство ги исполнува своите обврски за потребите на болницата.
|