Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Одбележување 76 години од депортацијата на штипските Евреи
Одбележување 76 години од депортацијата на штипските Евреи
Вторник, 12 Март 2019 15:30

Evrei-01Почитуван господин Леви, претставник на Еврејската заедница,
Почитувани присутни,

Ми претставува скромна должност да бидам домаќин на денешната комеморација во спомен на штипските Евреи овде во Општина Штип. Денеска се обединуваме за да им оддадеме почит на нашите депортирани сограѓани кои беа пресретнати од најголемото зло во човечката историја. 131 семејство од Штип се насилно испратени утрото на 11 март во поранешниот монопол за тутун во Скопје, од каде што на 25 април 1943 година со транспортен вагон се депортирани во Треблинка.

Холокаустот не е само ненадмината човекова трагедија, туку и неспоредлив чин на целосно зло. Се сеќаваме и им оддаваме почит на жртвите на нацизмот.

Важно е секоја година да се сеќаваме на Холокаустот, затоа што така ја пренесуваме пораката дека омразата и антисемитизмот можат да создадат најужасни трагедии.

Националистичките, популистичките и екстремистичките опции остваруваат одредени напредоци. Но, ние и нашите институции, за кои имаме цел да станат европски, имаме одговорност да ја креваме свеста за опасностите кои демнат и да се бориме против овие девијации. Во нас е одговорот против тие стравични искуства, против отсуството на почит за основните човекови права и фундаменталните демократски стандарди.

Веќе некое време сме соочени со опасноста од ширење лажна пропаганда. Обидите да се сокрие злото ја влошуваат состојбата. Затоа потребни се одлучни и силни дејства за да се бориме против антисемитизмот во сите негови превези.

Затоа кажуваме одлучно и јасно: антисемитизмот, расизмот и секој вид дискриминација се закана за нашите основни демократски вредности, чие јадро е почит за различностите и човековите права на секоја индивидуа.

Evrei-02

Комеморацијата за нашите сограѓани Евреи не е само сеќавање за нив, туку е универзална поука за целото човештво. Холокаустот е темна страница од човековата историја, но и предупредување и лекција за сите нас во сите времиња. Страдањата и јадовите на депортираните се неописливи, но тие треба да ни помогнат да научиме од грешките од минатото и да промислиме како да реагираме кога се случуваат други застрашувачки настани.

 

 

Околостите се поинакви, но одбележувањето на вакви манифестации е важно и релевантно и денес, затоа што ни овозможува да се обединиме, да ги препознаеме силите на опакоста и злото, да бидеме претпазливи и на тој начин да спречиме такви свирепости и ѕверства да се случуваат во иднина.

Затоа ние немаме избор, мораме да продолжиме напред без разлика на нашата етничка, верска, национална или било каква друга припадност.

На денешната комеморација се сеќаваме на жртвите, им оддаваме почит и велиме: Никогаш повеќе!

 Evrei-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize