Увид во асфалтирање на пристапен пат во Суитлак |
Сабота, 20 Октомври 2018 14:30 | |||
„Се наоѓаме во викенд населбата Суитлак кадешто денеска се работи на асфалтирање на главната улица којашто ја ветивме пред изборите дека ке ја асфалтираме. Согласно нашите можности еве денеска работиме на изградба и асфалтирање на 1120 метри улица во овој дел од градот. Оваа инвестиција е на Општина Штип и е во вредност од 6,4 милиони денари,“ стои во изјавата на Бочварски. Општина Штип продолжува да ги утрврдува проблемите и потребите на граѓаните преку непосредна комуникација со нив и истите во најкраток можен рок да ги решава.
|