Почеток на изградба на нова детска градинка во населба Сењак 4 |
Петок, 28 Септември 2018 15:00 | |||
„Денеска со огромно задоволство можам да кажам дека започнуваме со изградба на детската градинка во населба Сењак, еден од најважните капитални проекти за Општина Штип, којшто го ветивме во предизборната кампања. Ваков објект триесет години не е изграден во Општина Штип. за само десет месеци од преземањто на локална власт, еве веќе сме подготвени и денеска официјално започнуваме со изградба на оваа детска градинка. Се работи за еден прилично Ова е многу важен проект за целиот град. Можам да кажам дека вакви проекти изостануваа и недостасуваа изминативе години во нашата општина. И токму затоа борбата беше капиталните проекти да бидат во преден план. Денеска над ело покажуваме дека Општина Штип има капацитет и може и треба да гради ваков тип објекти. Нека е со среќа градбата! Верувам дека за една година објектот во кој ќе бидат сместени околу 200 дечиња ќе биде готов,“ истакна градоначалникот Бочварски. Новата детска градинка ќе биде изградена по сите стандарди кои ги пропишува законот за ваков вид на градби. Нејзината површина изнесува 1498.85 м2 , а вкупниот буџет за изграбата чини околу 50.000.000 денари.
|