Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Асфалтирање на улицата „5-та Партиска“
Асфалтирање на улицата „5-та Партиска“
Понеделник, 03 Септември 2018 14:21

UL 5ta partiska-01Градежната офанзива во Штип продолжува. Денеска се асфалтира улицата „5-та Партиска“, којашто е една од повеќето улици опфатени во тековните инфраструктурни проекти и инфраструктурниот подем којшто го доживува Општина Штип.

Асфалтирањето на оваа улица веќе десетина години е повеќе од потребно, бидејќи улицава се наоѓа во навистина очајна состојба, а по неа секојдневно транзитираат граѓаните од овој дел од градот.

„Ова е една од улиците за кои се бараше целосна реконструкција, бидејќи целосно беше оштетена. Се работи за 4200 метри квадратни нов асфалтен слој којшто ќе биде поставен во вредност од нешто над 1.000.000 денари, инвестиција на Општина Штип. UL 5ta partiska-02Ова е само една од улиците во населба Сењак којашто ќе биде реконструирана. Во наредните денови ќе продолжиме со улицата „Ѓорги Петров“. Многу е важно да средствата коишто ги прибираме од граѓаните преку плаќањето на даноците и преку сите други давачки коишто ги имаат кон Општина Штип да ги насочуваме кон вистинските цели и вистинските потреби на граѓаните,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Изминатиов период беа асфалтирани и рехабилитирани и улиците „Иво Лола Рибар“ и „Крушевска Република“, а во периодот кој претстои ќе биде рехабилитирана и улицата „Ѓорги Петров“ во населбата Сењак. Во меѓувреме, беше бетониран крак на „Радански Пат“, како и крак на улицата „Кирил Пејчиновиќ“.

Парите на граѓаните ги насочуваме кон вистинските цели, а Штип конечно го доживува развојниот подем кој го заслужува. Продолжуваме да се движиме во иста насока со засилен интензитет и искрени и вредни заложби за унапредување на Штип.

 UL 5ta partiska-03

UL 5ta partiska-04

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize