Имунизација на осумдесет дечиња |
Четврток, 26 Април 2018 13:25 | |||
„Општина Штип организира бесплатен превоз до Здравствениот дом, за овие дечиња да бидат вакцинирани овде. Предвидено е вакцинирање на вкупно 80 дечиња, од коишто дел се прва смена. Тие дечиња што се прва смена ќе дојдат на систематски преглед и по потреба ќе бидат вакцинирани подоцна во текот на овој ден,“ истакна Беами Шакиров, референт за односи со заедниците при Општина Штип. Со ова, Општина Штип се вклучува во одбележувањето на Европска недела на имунизација, при што апелираме до сите преку вакцинирање да се спречат болести и да се заштити населението од болести.
|