Јована Арсова - Спортист на Штип за 2017 |
Четврток, 11 Јануари 2018 12:09 | |||
Во категоријата пионери, првото место го освои Стефан Штериев, второто Јован Данилов, а третото Љупче Михаилов. Во категоријата кадети, првото место го освои Никола Нацев, второто Давид Мишев, а третото Стефан Санев. Во категоријата младинци, првото место го освои Јована Арсова, второто Благој Стојанов и Бобан Јосифов, а третото Деспина Димитровска. Во категоријата сениори, првото место го освои Јована Горгиева, второто Жарко Арсовски, а третото Емил Павлов. За тренери на годината прогласени се Саше Патраклиски, Сенол Асанов и Сашко Арсовски. За најдобар клуб прогласен е УГД Студент (жени). За најдобри спортски работници прогласени се Благој Донев, Драган Митов и Методи Папаров. Манифестацијата на којашто ќе бидат доделени наградите ќе се одржи на 18.01.2018 г. во Мултимедијален центар во Штип, со почеток во 18:00 часот.
|