Градоначалникот во посета на првото родено бебе во 2018 |
Вторник, 02 Јануари 2018 08:20 | |||
Првороденото дете во 2018 г. во Штип се вика Сара и е првороденче на нејзините родители. Градоначалникот им честиташе на родителите и им посака нивната ќерка да расте здрава и да ги ужива благодетите на функционално општество со квалитетно предучилишно и училишно образование, на што сите заедно ќе работиме. Меѓу подароците за бебето и мајката имаше и штедна книшка со 10.000 денари, што е добар почеток малата Сара уште од сега да научи да штеди, но и да биде вредна, среќна и весела граѓанка. Исто така, како дел од програма за одбележување на новогодишните празници, градоначалникот додели и ваучер во вредност од 20.000 денари за Акушерското одделение при Клиничка болница – Штип.
|