Средба на градоначалникот Бочварски со претставници на Невладиниот сектор |
Среда, 13 Декември 2017 14:42 | |||
- Можеби средствата се ограничени, тоа е факт. Но, многу е важно како ќе се искористат тие средства наредната година, дали ќе се искористат за правилните проекти, кои се најпотребни за граѓаните на општина Штип, и дали воопшто ќе се искористат тие пари. Многу често се случува да се одвојат средства во буџетот, меѓутоа при првиот ребаланс да се повлечат затоа што немаме никаква реализација, кажа Благој Бочварски, градоначалник на Штип. Според податоците на невладината ИНИ, општина Штип во 2013 издвоила 26,7 милиони денари за граѓанскиот сектор, додека во 2016 сумата за таа намена изнесувала 16,2 милиони денари. Градоначалникот Бочварски повика на зголемување на ефикасноста во реализацијата на проектите од страна на НВО секторот.
|