Градежни активности во Баби 6, на улица бр. 7 |
Четврток, 19 Април 2018 14:17 | |||
„Започнуваме со поголем број на градежни зафати во Општина Штип. Денеска се асвалтира една од двете нови улици во населба Баби, а тоа е улицата бр. 7 за којашто уште пред изборите во октомври месец им ветив на граѓаните на населба Баби дека ќе се фокусираме на поголеми вложувања, на повеќе инвестиции во делот на новата квалитетна инфраструктура којашто ќе ја инвестираме и ќе ја реализираме во овој дел од градот,“ истакна градоначалникот Бочварски. Новата локална власт уште на самиот На улицата број 7 во населбата Баби 6, се поставени водоводна и канализациона мрежа и извршено е тампонирање. Изведбата на водовод и канализација на улиците бр. 6 и бр. 7, во должина од 360 метри канализација и 285 метри водовод чини 1.500.000 денари. Денеска фирмата којашто ги исполнуваше сите услови во тендерската постапка, започнува со асвалтирање на оваа улица, со што ќе се реши голем проблем и за пешаците и за возачите во една од поголемите населби во нашиот град.
„Општина Штип продолжува оваа пролет и оваа сезона со многу градежни зафати со што ќе го подобриме и квалитетот на животот и ќе имаме многу подобра инфраструктура за нашите граѓани,“ посочи градоначалникот Бочварски.
|