Градоначалникот Бочварски на одбележувањето на 50 години ДЛУШ |
Среда, 08 Ноември 2017 10:59 | |||
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски вчера присуствуваше на добележувањето на 50 години од постоењето на ДЛУШ. Штипското Друштво на ликовни уметници одбележа половина век постоење. Големиот јубилеј и Денот на ослободување на градот, беа причина за голема изложба во Уметничката галерија Безистен: - На оваа изложба се застапени дела на над 30 членови на ДЛУШ, меѓу кои има дела и на некои починати членови. Застапени се скоро сите техники од масло на платно, цртежи, скулптури во мермер, во бронза и слично, изјави Никола Смилков, претседател на ДЛУШ. Друштвото на уметници на Штип е едно од најстарите културно-уметнички здруженија на граѓани во државата.
|