Благој Бочварски ја презеде функцијата градоначалник на Штип |
Понеделник, 06 Ноември 2017 11:28 | |||
- Во цела држава имаме примопредавање Неколку денови претходно, Захариев писмено соопшти дека остава буџет со 4,3 милиони денари во него, 69 милиони побарувања и 6,6 милиони денари, тековни обврски. Сепак, новиот градоначалник Бочварски уште за денес оддржа итен состанок со сите раководители и директори на јавните претпријатија, за изворно и од нив да ја слушне фактичката состојба.
- Верувам во успешна соработка со целата администрација, имаме многу проекти кои треба да се реализираат и со дополнителни нови идеи, ќе ја продлабочуваме нашата соработка и програма, за да на крај, по четири години да бидеме горди на сработеното, рече градоначалникот Бочварски.
|