Продолжува акцијата „Пролетно чистење и уредување“ |
Вторник, 17 Април 2018 12:17 | |||
Покрај своите тековни активности на целата територија на Општина Штип, ЈП „Стипион 2011“ заедно со другите јавни претпријатија се фокусирани во овој дел од градот. Екипи на ЈП „Стипион 2011“ вчера работеа на обележување на хоризонталната сигнализација во село Чардаклија и населбите Балканска и Македонка, како и на замена на улични светилки во овие населени места. Во селото Чардаклија Денеска продолжуваме со работа на уличното осветлување во населба Балканска. Ова е продолжување на активностите поврзани со уредување и чистење на градот, преку коишто ќе бидат опфатени буквално сите делови од Штип. Акцијата започна минатата недела во населба Сењак, а продолжи и во населба Дузлак, каде минатиот петок екипи на ЈП „Стипион 2011“ чистеа диви депонии.
|