Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Промовирање мерка – мал групен дом
Промовирање мерка – мал групен дом
Петок, 30 Март 2018 14:02

Mal grupen dom-1Новата локална и централна власт продолжува да се грижи за најранливите категории граѓани во нашата држава. Ние како Општина Штип покрај решавањето на тековните проблеми и инфраструктурните зафати, се грижиме и за социјалната димензија на општественото живеење и затоа во соработка со Министерство за труд и социјална политика им излегуваме во пресрет на дечињата без родители.

По објавениот повик од страна Mal grupen dom-2на Министерство за труд и социјална политика за пројавување интерес за изградба, проширување, реконструкција и адаптација на капацитетите за дневно згрижување и капацитетите на социјална услуга на корисниците на социјална заштита, Општина Штип пројави интерес за отворање мал групен дом во кој би биле сместени децата без родители.

Изминатата седмица добивме повратен потврден одговор од страна на Министерство за труд и социјална политика.

Овој објект за отворање мал групен дом се наоѓа овде во населба Пребег и во него веќе на првиот кат се наоѓа дневниот центар за деца со аутизам, а двата објекти ќе бидат физички одделени со посебни влезови, со тоа што ќе се обезбеди непречено функционирање на двата центри.

Mal grupen dom-3Во овој Дом ќе бидат сместени деца без родители и родителска грижа на возраст од три до осумнаесет години и ќе им се обезбедат основни животни потреби како: домување, храна, одржување лична хигиена, облека, нега и грижа за здравјето, воспитување и образование. Средствата за овие тековни трошоци ќе ги обезбеди ЈУ Центар за социјална работа во Штип, институција која ќе биде надлежна за Домот и ќе обезбеди 24-часовна непрекината грижа за сместените деца.

Од буџетот на Општина Штип и на Министерство за труд и социјална политика ќе се обезбедат средства за ангажирање професионални лица од областа на психологија, педагогија, дефектологија, социјала, кои ќе се грижат за сместените деца.

Опремувањето и реконструктивните зафати ќе бидат покриени од страна на Министерство за труд и социјална политика, а објектот ќе биде обезбеден од страна на Општина Штип.

Малиот групен дом ќе биде институција каде што надлежните уредно ќе се грижат за интеграција на дечињата и нема да претставува никаков проблем за околината и за населението.

Во иднина продолжуваме со остварување на ветените проекти и решавање на проблемите на граѓаните.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Март 2025
П В С Ч П С Н
24 25 26 27 28 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize