Промовирање мерка за бесплатен престој на деца на самохрани родители во детските градинки |
Среда, 14 Март 2018 12:58 | |||
„Зборот е збор! Во предизборната кампања најавивме дека децата на самохраните родители во Општина Штип ќе посетуваат градинка бесплатно. Тоа денеска го овозможуваме заедно со двете градинки во општина Штип, „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“. Ова значи дека Општина Штип заедно со двете детски градинки им овозможуваат на 52 дечиња коишто ги посетуваат моментално овие две градинки да имаат бесплатен престој,“ истакна градоначалникот Бочварски. Општина Штип и детските градинки ќе овозможат бесплатен престој на децата на самохраните родители. Во моментот детските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“ ги посетуваат 52 дечиња на самохрани родители. Општина Штип за дечињата на родителите од оваа категорија издвојува средства, со што ќе излезе во пресрет на 52 семејства на кои им е од големо значење оваа помош. Оваа активност се реализира по претходно потпишан договор помеѓу Општина Штип и градинките „Астибо“ и „Вера Циривири Трена“. Општина Штип За новата локална власт граѓаните се во центарот на вниманието, а од приоритетно значење се решавањето на нивните проблеми и потреби. Како и до сега, ќе се работи на остварување на клучните проекти и потреби на граѓаните на општина Штип.
|