Мерка за санкционирање непрописно паркирање |
Вторник, 13 Февруари 2018 13:24 | |||
Поставувањето блокатори и нивно отстранување ќе се спроведува од страна на овластени контролори на ЈП „Стипион 2011“ Штип. Блокираните возила ќе се одблокираат по реализирана наплата од 700 денари. За поголема ефикасност при реализирање на активностите ќе има координирана соработка со МВР СВР Штип. Поради зголемување на проблемите со нелегалното паркирање кои ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, Општината ќе започне со спроведување на оваа мерка која ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Првично ќе се преземат мерки за возила кои се паркирани на пешачки премини, во ниво на крстосници, на паркинг места кои се наменети за посебна категорија на корисници како инвалидизирани лица и авто-такси стојалишта, автобуски стојалишта, тротоари, коловози и др. Се надеваме на соработка од граѓаните и избегнување на прекршувањето на законските одредби во однос на паркирањето на возилата.
|