Укината наплата на паркинг |
Вторник, 06 Февруари 2018 12:34 | |||
- Се наоѓаме во населбата Автокоманда, кадешто сакаме да обзнаниме пред јавноста дека на минатата седница на Совет на Општина Штип, го реализиравме нашето предизборно ветување и ја укинавме наплатата на паркинг места којашто се однесува за овој дел од градот. Во централното градско подрачје, на улиците „Љубен Иванов“ и „Борко Талев“ ја укинуваме наплатата, но се укинуваат и паркинг местата. Овде, во Автокоманда, се укинува наплата на паркинг на улиците „Козјак планина“ и „Митко Соколов“, а паркинг местата на овие улици остануваат во функција. Се работи за една мерка со којашто сакаме да го растовариме домашниот буџет на граѓаните, бидејќи сметаме дека во овој дел од градот не е потребно да се наплаќа за паркинг простор. Зборот е збор. Ова е исполнување на уште едно од предизборните ветувања коишто им ги дадов на нашите сограѓани. Тие ми ја доверија одговорната функција градоначалник на Општина Штип, а јас за возврат секојдневно интензивно работам на исполнување на дадените ветувања.
|