Работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски |
Четврток, 01 Февруари 2018 15:42 | |||
На денешната работна средба се разговараше за идните чекори коишто ќе бидат преземени од страна на Општина Штип во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со цел реализација на овој особено значаен проект за граѓаните на Општина Штип. Изградба на брана на река Градоначалникот Бочварски го изрази своето задоволство од подготвеноста на сите релевантни фактори да се вклучат во комплетирањето на овој значаен проект. „Драго ми е што овој проект е високо на агендата на Влада на Република Македонија, бидејќи за Општина Штип претставува еден од врвните приоритети,“ истакна градоначалникот Бочварски. Изградбата на брана на река Отиња е капитален проект чијашто реализација беше ветена во предизборниот период. Во моментов се преземаат сите потребни чекори и се остваруваат максимални заложби за да се забрзаат процедурите и час поскоро да се започне со реализација.
|