Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Јавна расправа „Изградба и обнова на тротоари и улици“
Јавна расправа „Изградба и обнова на тротоари и улици“
Вторник, 30 Јануари 2018 15:01

rasprava-ulici-1Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска учествуваше на јавна расправа „Изградба и обнова на тротоари и улици“ во организација на Медиа плус, заедно со останати стручни лица за темата, како и граѓани на Општина Штип.

На јавната расправа се дебатираше за инфраструктурните проблеми и потреби на граѓаните на Општина Штип, а градоначалникот Бочварски, меѓу другото, истакна дека локалната самоуправа ќе настојува да го развива слухот за потребите на граѓаните токму преку отворени јавни расправи и дебати во коишто ќе бидат вклучени сите засегнати страни.

Во продолжение следи изјавата за медиумите на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски:

- Денеска имаме убава можност rasprava-ulici-2преку дебата да отвориме многу важно прашање за граѓаните на Општина Штип. Така како што почнавме уште во предизборната кампања, така работиме и во овој период, дебатираме за проблемите на граѓаните.

Еден од клучните проблеми со коишто се соочуваат граѓаните е инфраструктурата во нашиот град и тоа е препознаено како прашање низ сите анкети.

Општина Штип во овој период откако сум на функцијата градоначалник, работеше напорно и на проектирање и на изградба и подобрување на инфраструктурата во нашиот град и ќе продолжиме така и во иднина.

Мораме да имаме предвид дека се работи за зимски период од годината кога е отежнато изведувањето на работите. Но, и во вакви отежнати услови, можам да ја информирам јавноста и граѓаните дека досега Општина Штип има реализирано околу 1330 метри квадратни тротоари со бехатон. Имаме околу 450 метри тампонирани улици и еден километар локален пат којшто се работи во моментот, а тоа е патот до Шашаварлија кон Кошево. Вредноста на тротоарите со бехатон е околу 1.380.000 денари. За улиците коишто се тампонирани ќе следи фаза на асфалтирање, тогаш кога ќе овозможат временските услови.

Тоа е во фокусот на вниманието на Општина Штип и така ќе продолжиме во наредниот дел, односно со засилено темпо да работиме на дополнување, на уредување на градежното земјиште, односно на Општина Штип.

Во делот на сообраќајот, знаете дека во централното градско подрачје подготвуваме проект за промена на сообраќајниот режим, кадешто дополнително ќе ја подобриме инфраструктурата во централното градско подрачје.

rasprava-ulici-3rasprava-ulici-4

 

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize