Училиште „Гоце Делчев“ (Ново Село) |
Во дворот на црквата ,,Св. Богородица” во Ново Село се наоѓа училиштето во кое македонскиот револуционер Гоце Делчев работел како учител. Веднаш до училиштето е и куќата во која живеел во тоа време. Училиштето ,,Гоце Делчев” се реновира и во него ќе биде сместен Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев”. И покрај реконструкцијата, Гоцевото училиште ќе го задржи историскиот препознатлив изглед. На една од страните на училиштето (онаа што е свртена кон црквата) постои релјеф во чест на Гоце Делчев.
|