Среда, 25 Август 2021 13:10 |
Врз основа на член 78 став 5 од Изборниот законик(„Службен весник на РМ, број 32/14- пречистен текст 196/15, 35/16, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 57/2017, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019, 98/2019, 146/2019 и член 2 став 2 од Одлуката за утврдување на местата на кои можат да се истакнуваат изборни плакати(„Службен гласник на Општината Штип", број 09/06 и 07/11), Градоначалникот на Општина Штип, на 27.08.2021 година утврди
УСЛОВИ
ЗА ДОБИВАЊЕ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ ЗА РЕДОВНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ЧЛЕНОВИ^НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ШТИП И ГРАДОНАЧАЛ НИК НА ОПШТИНАТА ШТИП 2021
- Место за истакнување на изборни плакати може да добие секоја регистрирана политичка партија самостојно, коалиции, како и група избирачи (во понатамошен текст: подносител на листа) врз основа на одобрение од Градоначалникот на Општината Штип.
- За добивање одобрение, подносителот на листата е должен да поднесе барање до Општина Штип.
- Со барањето треба да достави полномошно од овластено лице за поднесување на барањето издадено и заверено од подносителот на листата. Местата за истакнување плакати, одделението ќе ги подели по пат на ждрепка. Ждрепката ќе се изврши по објавување на утврдените листи на кандидати од страна на надлежната изборна комисија. За денот на ждрепката, организаторите на изборната кампања ќе бидат известени преку јавните гласила во Општина Штип.
- Одобрението, со прецизно назначување на местото за истакнување на изборни плакати, одделението ќе го издаде во рок од 3 дена од денот на одржаната ждрепка.
|