Одделението за комунални дејности ги следи состојбите што се однесуваат на:
- снабдување со вода за пиење;
- одведување на отпадните и атмосферските води;
- одржување на јавната чистота;
- уредување, одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми, водени и рекреативни површини;
- одржување на гробишта и давање на погребни услуги;
- одржување на јавното осветлување;
- вршење на оџачарски услуги;
- одржување на користење на пазари;
- одржување на уличната сообраќајна сигнализација и други сообраќајни инфраструктурни објекти;
- одржување и користење на јавниот простор за паркирање;
- отстранување и чување на непрописно паркирани возила;
- јавен градски, приградски и авто-такси превоз;
- дезинфекција, дезинсекција и дератизација;
- одржување на јавни санитарни јазли;
- врши и други работи кои ќе му бидат доверени во негова надлежност.
|