Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Инспекциски надзор Сектор за инспекциски надзор
Сектор за инспекциски надзор

Секторот за инспекциски работи ги врши следните работи:

  • инспекциски надзор од областа на примената на Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за домување, деталните урбанистички планови донесени од Советот на општината и Генералниот урбанистички план на Општина Штип;
  • инспекциски надзор врз примената на Законот за јавни патишта, Законот за превоз во патниот сообраќај и други прописи што ја регулираат оваа област;
  • инспекциски надзор согласно законската регулатива од областа на заштитата на животната средина и природата квалитетот на амбиентот на воздухот, просторното планирање и прописите што ја регулираат оваа област;
  • инспекциски надзор во образованието и јавните дејности;
  • врши и други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност.

 

Одделението за градежен, урбанистички и сообраќаен надзор ги врши следните работи:

  • инспекциски надзор од областа на примената на Законот за градење во делот на надлежноста на општината;
  • инспекциски надзор над градби од трета, четврта и петта категорија утврдени со закон;
  • овластениот градежен инспектор е службено лице кој е самостоен во вршењето на инспекцискиот надзор;
  • непосреден инспекциски надзор согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и други прописи кои ја регулираат оваа област, а се од надлежност на општината;
  • подготвува акти и други материјали, предлози до градоначалникот и Советот на општината;
  • увид во документацијата од постапката за донесување на урбанистички планови;
  • увид за начинот на чувањето на урбанистичките планови и картирани подлоги;
  • надзор над спроведувањето на одлуките на советот;
  • непосреден инспекциски надзор врз примената на одредбите од Законот за јавни патишта, Законот за превоз во патниот сообраќај и прописите донесени врз основа на овој закон што се однесуваат на општинскиот превоз на патници, автотакси превозот на патници и посебниот линиски превоз на патници што се врши на подрачјето на општината;
  • надзор на спроведувањето на други прописи што се однесуваат на оваа област;
  • води постапка, донесува решенија и поднесува пријави за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд;
  • врши и други работи кои ќе му бидат доверени.

 

Одделението за надзор над животната средина ги врши работите што се однесуваат на:

  • инспекциски надзор согласно законските регулативи од областа на заштитата на животната средина и природата, квалитетот на амбиентот на воздухот, просторното планирање и прописите што ја регулираат оваа област;
  • подготвува акти и други материјали како: предлози до градоначалникот и советот од своето работење, анализи за одредени состојби во општината;
  • инспекциски надзор над примената на техничко-технолошките мерки за заштита на воздухот и водите, земјиштето и растенијата од загадување, заштита на посебни природни богатства, заштита на штетна бучава и штетни јонизирани и нејонизирачки зрачења;
  • води постапка, донесува решенија и поднесува пријави за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд;
  • врши други работи што ќе му бидат ставени во надлежност.

 

Одделението за инспекциски надзор на разни надлежности на општината ги врши следните работи:

  • инспекциски надзор во извршувањето на законите, другите прописи и општи акти во воспитно-образовните установи основани од Општина Штип;
  • инспекциски надзор на утврдувањето и наплатата на даноците на имот или согласно Законот за данок на имот;
  • проверка на состојбите и вредноста на недвижниот имот кој треба да биде предмет на оданочување;
  • инспекциски надзор над угостителството-вршители на угостителска дејност од мал обем, согласно Законот за угостителска дејност;
  • инспекциски надзор на туристичка дејност-вршители на туристичка дејност од мал обем, согласно Законот за туристичка дејност и Законот за вршење занаетчиска дејност;
  • инспекциски надзор во област на комуналните работи утврдени со Законот за комунални дејности и други закони од оваа област;
  • предлага мерки за спречување на незаконитоста во работењето на воспитно-образовните институции согласно Законот за средно образование и Законот за основно образование;
  • го известува Советот на општината и градоначалникот за извршениот инспекциски надзор;

врши други работи што ќе му бидат ставени во надлежност.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize