Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Еднакви можности
Еднакви можности
Одржана втора работилница за изработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023
Понеделник, 08 Октомври 2018 11:09

StrategijaRR-2Rab-01Втората работилница за изработка на Стратегијата за унапредување на родовата рамноправност на Општина Штип 2019-2023 беше одржа на 24 и 25 септември во Берово. Истата започна со дополнување на SWOT анализата, која претходно беше изготвена на првата работилница, одржана на 17 септември во општината. Работилницата беше финансиски поддржана од телото на Обединетите нации за жени UN Women, а беше водена од Кристина Хаџи Василева, ангажиран консултан од UN Women, извршен директор на Консалтинг за стратешки разво и Боби Шарковски, претставник на Фондацијата за развој на локалната заедница.

Повеќе...
 
Одржана работилница за изработка на Стратегија за унапредување на родова рамноправност 2018 - 2023 година на Општина Штип
Вторник, 18 Септември 2018 09:12

Strategija-RR-01Реализирањето на визија за градот секако го опфаќа концептот за еднаквост на сите граѓани на нашиот град. Тоа подразбира еднаков пристап до сите добра и услуги, еднаков третман на сите, отсусто на секаков вид на дискриминација и исклучување на било која група на граѓани. Штип треба да биде модерен град на слободоумни, отворени граѓани кои ги остваруваат своите права и обврски во една демократска атмосфера. Секој граѓанин може да ги даде своите предлози и идеи за подобра иднина на сите.

Повеќе...
 
Изгласан Акцискиот план за заштита и спречување на дискриминација на Општина Штип
Вторник, 11 Септември 2018 11:43

ednkavi-moznosti-2Во рамки на проектот  „Заштита од дискриминација на локално  ниво“ кој се реализира со Х.Е.Р.А  - Асоцијација за здравствена едукација, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, во кој учествуваа неколку општини, меѓу кои и Општина Штип, произлезе заклучокот дека е добро,  за успешно спроведување на Законот за заштита и спречување на дискриминација  на локално ниво, да биде формирано Координативно тело за заштита од дискриминација, составено од членови од различни институции и од претставници од граѓанскиот сектор.

Повеќе...
 
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ И ПРОГРАМА
Понеделник, 09 Јули 2018 12:23

 
Одржана работилница на тема Подготовка на модел за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки – жртви на семејно насилство
Вторник, 03 Јули 2018 14:11

SemejnoNasilstvo-01Во рамки на проектот „Подготовка на модел за интегративен пристап на пакетот на неопходни услуги за жени и девојки – жртви на семејно насилство“, кој е дел од регионалната програма на UN Women „ Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен Балкан и Турција: Спроведување на норми, промени и ставови“, во периодот од 27 до 29 јуни во Берово се одржа обука на Мултисекторскиот тим кој работи на спроведување на проектот во Република Македонија. Овој тим беше формиран на иницијатива на НВО ЕХО и Здружението на жени од Општина Струмица со цел да се соберат искуствата од сите институции кои директно непосредно се соочуваат со жртви на насилство, односно директни даватели на услуги. Тоа се: ЦСР, Здравствени институции, МВР, Обвинителство, Судство, Полиција, Општина. Претставниците на овие институции имаат задача да разработат најквалитетен модел за интегративен пристап во решавањето на проблемот на жените жртви на насилство. Во таа насока, треба да се создаде најдобра подлога за имплементирање на Истанбулаката конвенција која во Република Македонија беше ратификувана на 29 декември 2017 година, а истата стапи на сила на 1 јули 2018 година. Општина Штип е дел од Мултисекторскиот тим со свој претставник, координатор за еднакви можности, Снежана Саневa И раководител на Одделение за поддршка на градоначалникот Милкица Санева.

Повеќе...
 
ДИСКРИМИНАЦИЈА: Како да ја препознаам и што потоа?
Петок, 18 Мај 2018 12:25

Diskriminacija-rabotilnica-1На 14.05.2018, во хотел “Оаза” – Штип, се одржа трибина на тема “ДИСКРИМИНАЦИЈА: Како да ја препознаам и што потоа?”, организирана од страна на– Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. како и од Здружението на граѓани ЕХО- Едукативно-хуманитарна организација од Штип, со поддршка од НВО Цивика Мобилитас.

Повеќе...
 
Еднодневна екскурзија до Дојран за дечињата со попреченост од Општина Штип
Петок, 18 Мај 2018 10:14

ekskurzija-deca-1На 12 мај 2018 година во организација на Општина Штип, како дел од Акцискиот план за еднакви можности на Општината, децата со попреченост во развојот заедно со своите родители беа во еднодневна екскурзија на Дојран и Струмица. Посетата им овозможни еднодневно дружење и релаксација на овие дечиња кои не го криеја своето задоволство од прошетката.

Повеќе...
 
Одржана работилница за родово одговорно буџетирање
Четврток, 17 Мај 2018 14:40

Rodovo budgetiranje-1Во рамки на регионалниот проект на UN Women за родово одговорни политики и буџети, беше организирана воведна обука за родово одговорно буџетирање наменета за советниците (советници и советнички) и претставници од локалните самоуправи од општините . Обуката се одржа во периодот од 17-20 април во Охрид.

 

Повеќе...
 
Одржана работилница за Истанбулската конвенција
Среда, 11 Април 2018 11:06

Istanbulska konvencija-1Од 26 до 28 март 2018 година во Берово се одржа работилница на тема: „Истабулската конвенција и пакет на есенцијални услуги за жени жртви на насилство - Значење, предизвици и препораки за имплементација“.

Работилницата беше наменета за јакнење на капацитетите на новоформираните мултисекторски тимови на заедниците .

Повеќе...
 
Светски ден за борба против расна дискриминација - 21. март
Среда, 04 Април 2018 14:46

Гостување на координаторот за еднакви можности во емисија на ТВ Ирис по повод Светскиот ден за борба против расна дискриминација – 21. Март:

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>

Страница 4 од 6

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Ноември 2024
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize