Петок, 18 Мај 2018 10:14 |
На 12 мај 2018 година во организација на Општина Штип, како дел од Акцискиот план за еднакви можности на Општината, децата со попреченост во развојот заедно со своите родители беа во еднодневна екскурзија на Дојран и Струмица. Посетата им овозможни еднодневно дружење и релаксација на овие дечиња кои не го криеја своето задоволство од прошетката.
На крај родителите изразија голема благодарност до Општина Штип за обезбедениот превоз со општинскиот автобус за реализирање овој настан.
|