Петок, 30 Октомври 2020 14:01 |
Од 20 до 22 Октомври во Охрид беше одржана обука на тема „Ракување со стрес и техники за заштита од професиоално прегорување“. На обуката учествуваа секретарот на општината Соња Китанова и Локалниот координатор за еднакви можности Сунчица Ѓуфтеска.
Во осумте сесии на тема стрес и стресогени фактори се говореше за стресни ситуации, видови на стрес, ефекти на стресот врз телото, индивидуални техники за справување со стрес, комуникацијата како еден од начините на ракување со стресот и начинот на кој се остваруваат комуникациските потреби, концепт на „контакт врати“ , персонална адаптација и ниво на стрес и начин на кој може да го ракува стресот. Обуката беше во организација на Едукативната хуманитарна организација ЕХО.
|