Обука за обучувачи за родово одговорни политики и буџети |
Вторник, 10 Декември 2019 11:02 | |||
Во периодот од 2 до 5 декември во Маврово се одржа обуката за обучувачи за концептот родова еднаквост и родово одговорно буџетирање како дел од проектот „Промоција на родовo одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската меѓународна агенција за развој - Сида.
Претставници/чки од 18 општини имаа можност да се стекнат со обучувачки вештини за воведување на родовата перспектива во локалните политики и буџети. Учесниците/чките ќе можат, во иднина, да им обезбедат основна обука за РОБ на нивните колеги од општините. Учесници од Општина Штип беа координаторката за еднакви можности Снежана Санева и заменик координаторката Марина Митревска. На обуката беа презентирани пет модули значајни за спроведување на родово одговорното буџетирање во општините:
- Планирање на обуката - Подготовка на обуката - Спроведување на обуката - Евалуација на обуката По презентирање на модулите, на учесниците им беше дадена задача да испланираат тек на една обука, со воведен, главен и завршен дел, при тоа применувајќи повеќе различни методи и техники. После секоја одржана презентациај следеше анализа за добрите страни и недостатоците на презентацијата со цел да се воочат грешките и да се стекне искуство за избегнување на истите, а воедно да се даде стимул на идните обучувачи во нивната понатамошна работа. На крај експертите од областа истакнаа дека се позитивно изненадени и фасцинирани од интересот на учесниците и од сериозниот пристап, така што во иднина се очекува обучените претставници од општините да го презентираат овој концепт како пред колегите од администрација, така и пред советниците на општините.
|