Презентација на добиени резултати од проектот „Подигање на свеста на средношколската младина за сексуално – преносливите болести и можните последици од нив, во насока на превенција на истите“ |
Среда, 05 Декември 2018 15:18 | |||
Реализацијата на овој проект Имајќи ја предвид позитивната практика од реализацијата на ваквиот проект и ефектите кои беа постигнати во изминатите години, истиот беше вклопен и во Програмата за еднакви можности за 2018 година. Добиените резултати од проектот беа презентирани на јавноста од страна на д-р Елена Илијева и д-р Викторија Јорданова од Центарот за јавно здравје на 30 ноември 2018 година, во сала 2 на Општина Штип. Воедно, со презентирање на резултатите од анкетирањата и предавањата се одбележа Први декември - Светскиот дена за борба против Сидата.
|