Студиска посета на Штип од жени од Молдавија и Албанија |
Петок, 09 Ноември 2018 13:53 | |||
Посетата се реализираше токму на 8 Ноември - Ден на ослобдување на градот. Од Општина Штип беа присутни секретарот на Општина Штип - Соња Китанова, раководителот на Одделение за буџет и буџетска координација и контрола - Трајче Цветков, раководителката на Секторот за образование, јавни дејности и ЛЕР - Билјана Казнџиска, координатор за еднакви можности - Снежана Санева, заменик координатор за еднакви можности - Марина Митревска, и советник од Одделение за образование - Марија Џонова Попова. При посетите, на гостите им беа презентирани програми кои општините ги спроведуваат во рамки во своите надлежности, како и состојбите на планот на родовата рамноправност. Во општина Штип Потоа свое обраќање имаше координаторката за еднакви можности Снежана Санева, која истакна дека Општина Штип е економски, културен и образовен центар на Источна Македонија. Штип е општина во која доминантна економска гранка е текстилното производство и дека во неа работат најголем број на жени, Во општинската администрација сепак преовладува сфаќањето дека мажите и жените се рамноправни и дека сè што се гради е подеднакво корсно и за едните и за другите, но тоа води кон покривање и недетектирање на реалните потреби на двата пола, а посебно на жените кои имаат изразени потреби за одредени услуги кои треба да бидат приоритет за локалните власти. При тоа се мисли пред сè на сè уште нерешени прашања од комуналната сфера, непостоење на јавен градски превоз до некои населби, помала заинтересираност на жените за учество во јавниот живот и сл.
По излагањето на координаторката, збор зеде претседателката на НВО „ЕХО“, Бети Пеева која зборуваше за родово одговорното буџетирање на општината за поддршка на сервисите за жени и девојчиња кои се жртви на насилство. Таа истакна дека во досегашниот период не беше воспоставена потребната соработка на граѓанските организации со општината и дека немаше слух за финансиска поддршка на истите од страна на општината. Таа се надева дека во иднина ќе се воспостави добра практика со која финансиски се помогне функционирањето на здруженијата на граѓани како што е Мултисекторскиот тим за имплементација на Истанбулската конвенција кој претставува навистина добар пример за ефикасно, координирано и структурно решавање на проблемот со домашното насилство врз жените и девојчињата. Таа изложи и одредени статистички податоци кои се добиени од официјални иавори , како МВР, според кои се потврдува фактот дека 94% од жртвите на домашно насилство најчесто се жените, а извршители се мажи (сопрузи, интимни партнери, членови на потесното семејство-брат, татко и сл. НВО„ЕХО“ работи на бесплатна правна помош како и друг вид на помош на жртвите, но за функционирање и реализирање на овој вид на услуги секако се потребни финансиски средства. На крај се разви дикусија во која гостите се интересираа за состојбата на работничките во текстилната индустрија. Беше кажано дека минималната плата во овој сектор е минимална плата и во државата и изнесува 12. 000 денари. Работничките во голема мера не ги знаат своите права и често се предмет на дискриминација. Се констатира дека општината нема многу ингеренции да влијае на состојбите на ова поле. Беше кажано дека и во Алабанија и во Молдавија жените се запослени во текстилната инустрија која е ниско платена гранка.
|