Со одлука на Советот на Општина Штип од 11 март 1997 година сите материјални и нематеријални вложувања од ЈП “Фортуна”се пренесени на ЈП “Исар”. Јавнното претпријатие за комунално-производни и услужни работи „Исар”е основано заради вршење на стопански дејности од комуналната област од јавен интерес, а која е незаменлив услов за живот и работа на граѓаните, правните лица и државните органи на територијата на Општина Штип.
Правна форма: Ј.П. за комунално производни и услужни работи
Дата на основање: 11.03.1997год.
Адреса: ул.”Г.М.Апостолски”бр.37 Штип;Р. Македонија
Тел./факс: +389 32 391 125; +389 32 391 125; +389 32 390 477
Основач: Општина Штип
Производството и дистрибуцијата на вода и одведувањето на отпадните води во целокупната дејност на ЈП Исар учествува со 71,58%, изнесувањето и депонирањето на отпадоци и чистење на јавно - прометни површини учествува со 18,59%, одржување на зеленило учествува со 3,40%, а останатите дејности со 6,43%. Од вкупно 43.000 жители на градот на водоводната мрежа се приклучени околу 95%, додека на канализационата мрежа се приклучени околу 90%.
Дејности - Водовод и канализација
РЕ Водовод и канализација ги извршува следните дејности од јавен интерес: производство и дистрибуција на вода за пиење и одведување на отпадна вода.
РЕ Водовод и канализација врши редовно снабдување на град Штип и приградските населби Три Чешми и с. Караорман, како и селата Драгоево и Долани.
Одржувањето на овие системи е континуирана активност што ја извршуваат вработените по предходно изработениот план.
Оваа работна единица врши оддржување на постоечката главна и секундарна канализациона мрежа во градот и приградска населба Три Чешми.
РЕ Водовод и канализација извршува и работи кои се сврзани со проектирање, изградба и реконструкција на системот за водоснабдување и на системот за одвод на отпадни води.
|